01. Прашања за тип на личност

Изборот на факултет и кариера е одлука која ќе ти го дефинира целиот твој живот. Дигитална алатка која има за цел да ти помогне да ја донесеш оваа одлука.
Насочи се кон вистинскиот факултетОткриј кој од 16те типови на личност си.
Откриј кои професии најмногу ти лежат според типот на личност.
Пронајди ги најдобрите дигитални вештини за тебе.
Дури 9 од 10 луѓе на возраст меѓу 21 и 65 години изјавиле дека чувствуваат дека можеби избрзале при изборот на кариера. Најголемиот дел од нив грешката ја лоцираат во недоволно посветеното време на избор на кариера и во фактот што уште не биле сигурни што сакаат да изберат, а чуствувале дека мораат да донесат одлука затоа што немале веќе време.
Останатите во најголем дел биле под притисок на родителите да ги наследат во кариерата, која самите тие не ја сметале за доволно интересна за нив, ниту пак перспективите биле исти како во времето на нивните родители.
Дури 30% од студентите, уште по завршувањето на првата или втората година на студирање изјавие дека би избрале друг факултет доколку повторно би бирале. Цели 20% од нив изјавиле дека жалат што го направиле тој избор. Како најголема причина за незадоволството било наведено недоволното истражување пред да го направат изборот.
(Извор)
Првиот дел од овој тест се состои од 32 прашања од Open Jungian Type Scales тестот на личност, преку кои се открива на кој од 16-те типови на личност припаѓаш. Секој од овие типови на личност носи свои карактеристики и силни страни кои најдобро се поврзуваат со одредени професии и работни средини. Со одбирaње кон што си делумно или целосно наклонет на скалата од 5 точки помеѓу двете крајности на една карактеристика се добива резултат од 4 латинични букви за типот на личност. Првите 3 букви се базираат на теоријата за психолошки типови на Карл Г. Јунг (Јунг, 1971) и може да бидат: E (екстровертен) или I (интровертен); чувство (S) наспроти интуиција (I) и размислување (Т) наспроти чувствување (F). Четвртата буква за судење (Ј) наспроти перципирање (P) е базирана на истражувачот и практичарот на теоријата на Јунг, Изабел Бригс Мајерс. Таа во 1980 година ја истражува врската на перцепцијата како 4ти важен аспект во детерминирањето на типот на личност.

02. Прашања за афинитет кон дигитални вештини
Вториот сет на прашања ќе ти помогне да да добиеш препорака за дигитални вештини што би ти одговарале според твоите афинитети и персонални карактеристики. Според одговорите на 30 прашања ќе добиеш најпогоден предлог за најбараните и најактуелните професии во дигиталниот свет. Овој сет на прашања е изработен од тимот на Brainster врз основа на нашето искуство и детерминираните карактеристики и афинитети најпогодни за изучување на одредени вештини при селекција на студенти на преку 5000 интервјуа и 4000 студенти на различни типови на обуки и голем број успешни кариерни приказни во ИТ и дигиталната сфера. Резултатите за овој дел од квизот се само наша препорака кои кариерни патеки во дигиталните вештини треба да ги земеш предвид при изборот на твојата идна кариера и немаат научно-методолошка заснованост.
03. Добиј персонализиран резултат и персонализирани кариерни препораки
По завршувањето на прашањата ќе добиеш детален персонализиран резултат со голем број информации кои може многу да ти помогнат при изборот на кариера и тип на работна средина. Ќе добиеш подобар увид во силните страни кои ги носи твојот тип на личност и кои треба да ги имаш предвид при изборот на кариера. Ќе научиш повеќе за својот начин на справување со работни обврски и за типот на работна средина која најмногу ти одговара. Ќе се соочиш со своите афинитет како дел од тим, но и како лидер на тим. Ќе добиеш преку 20+ предлози за професии кои најдобро одговараат на твојот тип на личност и персонални афинитети. Ќе видиш кои познати личности спаѓаат во твојот тип на личност.
%
18%
27%
Искористи ја оваа моќна алатка која може да ти помогне во изборот на вистинската кариера
Факултети
Академии
Ние се грижиме
Следи не